Еднострано раскинување на Договорот Примери за клаузули

POPULAR SAMPLE Copied 1 times
Еднострано раскинување на Договорот. Договорот може да се раскине со писмено известување, со отказен рок од 30 дена од денот на приемот на писменото известување. Фондот има право во секое време без отказен рок еднострано да го раскине Договорот со здравствената установа во следните случаи:
Еднострано раскинување на Договорот. Фондот има право во секое време без отказен рок еднострано да го раскине договорот со здравствената установа. Договорот се смета дека е раскинат од денот на приемот на доставницата, освен во случаи кога двапати е направен безуспешен обид за достава и тоа:
Еднострано раскинување на Договорот. Фондот има право во секое време еднострано да го раскине Договорот со здравствената установа во целост или за одделна организациона единица во следните случаи:
Еднострано раскинување на Договорот. Давателот на лизинг има право да го раскине Договорот во случај на повреда на која било одредба од овој Договор, а во случај на раскинување ќе го извести Корисникот на лизинг за едностраното раскинување на Договорот (известување за раскинување) со даден рок не пократок од 5 (пет) работни дена. Причина за раскинување на Договорот може да биде:
Еднострано раскинување на Договорот. Фондот има право во секое време без отказен рок еднострано да го раскине договорот со здравствената установа во случаите кога: Министерството за здравство, односно друг надлежен орган, донесе правен акт со кој здравствената установа или дел од лекарскиот тим ќе престане со работа, како и во други случаи утврдени по сила на закон; Здравствената установа, односно избраниот лекар, со своето работење му нанесе штета на Фондот по претходно спроведена постапка; Друго лице кое не е пријавено во тимот во мрежата на здравствени установи го користи факсимилот на избраниот лекар кој отсуствува од работа по било кој основ или се утврди користење на факсимилот од друго лице надвор од здравствената установа.

Related to Еднострано раскинување на Договорот

  • РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна има право да го раскине овој Договор со доставување на писмено известување во рок од 7 (седум) дена пред раскинувањето на договорот.

  • ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ Вкупната вредност на овој договор изнесува: - Вкупно без ДДВ ,00 денари - ДДВ 18% ,00 денари Вкупно со ДДВ ,00 денари Со зборови денари, со вклучен ДДВ.

  • ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ Предмет на овој Договор е регулирање на односите меѓу Фондот и Здравствената установа за обезбедување и извршување на основни здравствени услуги на осигурените лица во примарната здравствена заштита, начинот на плаќање на услугите, правата и обврските на договорните страни како и други прашања кои се однесуваат за уредување на меѓусебните односи помеѓу договорните страни.

  • Склучување на договорот за јавна набавка 6.4.1 Договорниот орган ќе го достави Договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 6 (шест) примероци на потпишување. 6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише Договорот за јавна набавка и истиот да му го врати на Договорниот орган во рок од 5 (пет) работни дена од денот на добивање на Договорот. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од Договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на Договорниот орган. 6.4.3 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише Договорот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, Договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на Договорот и да ја објави негативната референца.

  • Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка 1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба. 1.5.2 Oваа постапка ќе заврши со спроведување на електронска аукција.