ЗАПОЧНУВАЊЕ И ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ОСИГУРИТЕЛНО ПОКРИТИЕ Примери за клаузули

ЗАПОЧНУВАЊЕ И ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ОСИГУРИТЕЛНО ПОКРИТИЕ. (1) Обврската на осигурувачот од договорот за осигурување започнува по истекот на 24 часот на денот што во исправата за осигурување е наведен како почеток на осигурување, ако до тој ден е платена премијата, односно по истекот на 24 часот на денот кога премијата е платена, освен ако поинаку не е договорено. (2) Обврската на осигурувачот престанува по истекот на 24 часот на денот што во исправата за осигурување е наведен како ден на истек на осигурувањето. (3) Кај осигурување склучено на една или повеќе години, меѓусебните обврски и права од договорот се продолжуваат за 30 дена (рок на чекање), доколку на осигурувачот, најдоцна три дена пред истекот на рокот на осигурување не му е врачена изјава на договорувачот на осигурување дека не се согласува со негово продолжување. Ако во рокот на чекање настапи осигурен случај, договорувачот на осигурување е должен да плати премија на осигурување за цела година.
ЗАПОЧНУВАЊЕ И ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ОСИГУРИТЕЛНО ПОКРИТИЕ. Обврската на осигурувачот од договорот за осигурување започнува по истекот на 24 часот на денот што во исправата за осигурување е наведен како почеток на осигурување, ако до тој ден е платена премијата, односно по истекот на 24 часот на денот кога премијата е платена, освен ако поинаку не е договорено.
ЗАПОЧНУВАЊЕ И ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ОСИГУРИТЕЛНО ПОКРИТИЕ. Обврската на осигурувачот од договорот за осигурување започнува од дваесетичетвртиот час на денот што е означен во полисата како ден на почеток на осигурувањето, освен ако поинаку не е договорено.

Related to ЗАПОЧНУВАЊЕ И ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ОСИГУРИТЕЛНО ПОКРИТИЕ

  • ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ (1) Со осигурување од ризикот кршење може да бидат опфатени: 1. Работен уред на товарни возила, автобуси, приколки, контејнери и работни возила; и 2. Влечни возила (трактори) и работни возила, во целина. (2) Моторот е составен дел на работниот уред само ако исклучиво служи за движење на работниот уред, а не и за движење - влечење на возилото во насоки. Ако истиот мотор истовремено служи за движење на возилото и за движење на работниот уред на возилото, не се смета за составен дел на работниот уред на возилото. (3) Шасијата, односно постољето на кое се наоѓа работниот уред, како и возачката кабина, каросеријата, трансмисијата и останатите делови на возилото што овозможуваат движење (влечење) на возилото во насока, во секој случај не се сметаат за работен уред односно за дел од работен уред. (4) Со осигурување е опфатено и маслото и полнењето во уредите. (5) Штетите на маслото и полнењата се надоместуваат во процентуална вредност во зависност од векот на траење одреден со важечките прописи. (6) Со потполно каско осигурување опфатени се и штетите на електрични и дизел-електрични локомотиви што се причинети од непосредно дејство на електрична енергија.

  • Измена, замена и повлекување на понудата 4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10. 4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата. 4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10. 4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1 .

  • Форма и потпишување на понудата 4.8.1 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи". 4.8.2 Дополнителни информации за користењето на дигитални сертификати: Полномошното ќе се смета за валидно доколку е приложено во:

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.