СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ Примери за клаузули

СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. Договор за осигурување се склучува врз основа на писмена понуда и се смета за склучен кога договорувачот и осигурувачот ќе ја потпишат полисата за осигурување.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. [1] Договорот за осигурување може да се склучи врз основа на понуда, која договарачот на осигурувањето во писмена форма ја поднесува до осигурувачот. [2] По приемот на понудата, осигурувачот може да побара дополнување или појаснување. Се смета дека понудата пристигнала кај осигурувачот кога го добил бараното дополнување или појаснување. [3] Писмената понуда доставена до осигурувачот за склучување на Договор за осигурување го обврзува понудувачот, ако не одредил пократок рок, во период од 8 дена од денот на пристигнување на понудата кај осигурувачот. Ако осигурувачот во тој рок не го одбие барањето, кое не отстапува од условите што ги предложил за осигурување, ќе се смета дека го прифатил барањето и дека договорот е склучен. [4] Во случај да е склучен на далечина, осигурувачот може да одреди дека Договорот за осигурување е склучен со самата уплата на премијата.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. Договор за осигурување на имотот може да склучи лице кое има интерес да не настане осигурен случај, затоа што би претрпел некоја материјална загуба.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. [1] Договорот за осигурување се склучува врз основа на писмена или усна понуда. [2] По приемот на понудата осигурувачот може да бара дополнување или појаснување. Се смета дека понудата стигнала до осигурувачот кога го примил барањето за дополнување или појаснување. [3] Одредбите за склучување на договор за осигурување се применуваат и тогаш кога ќе се промени постојниот договор за осигурување, освен во случај на промена на условите за осигурување или тарифата на премии.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. (1) Договорот за осигурување се склучува врз основа на усмена или писмена понуда. (2) Осигурувачот може претходно да побара писмена понуда од договарачот на посебен образец. (3) Ако осигурувачот не ја прифати писмената понуда, должен е во рок од осум дена од денот на нејзиниот прием, писмено да го извести понудувачот за тоа. (4) Ако осигурувачот не ја одбил понудата која не отстапува од условите според кои се врши осигурувањето, ќе се смета осигурувањето за склучено од денот кога понудата пристигнала кај осигурувачот. (5) Ако осигурувачот ја прифатил понудата само под посебни услови, Осигурувањето е склучено од денот кога договарачот се согласил на Изменетите услови. (6) Се смета дека понудувачот се откажал од склучување на договорот, ако на изменетите услови не се согласил во рок од осум дена на приемот на препорачаното известување од осигурувачот. (7) Договорот за осигурување е склучен кога договарачот и осигурувачот ќе ја потпишат полисата за осигурување или листот на покритие.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. Договорот за осигурување се склучува врз основа на усмена или писмена понуда, а склучен е кога договорувачите ќе потпишат полиса за осигурување, односно кога согласно Законот за вршење на нотарски работи, нотарот или Комората поднесат барање за осигурување. Усмената понуда упатена на осигурувачот за склучување на договор за осигурување не ги обврзува ни понудувачот ниту пак осигурувачот. Ако осигурувачот во врска со примената писмена понуда побара било какво дополнување или измена, како ден на прием на понудата ќе се смета денот кога осигурувачот ја примил бараната дополна или измена, односно кога ќе биде известен за прифаќање на неговите услови.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. [1] Договорот за осигурување се склучува врз основа на понуда и склучен е кога ќе го потпишат двете договорни страни. [2] Со потпишување на понудата, понудувачот изјавува дека пред склучување на Договорот за осигурување бил запознат со условите за склучување и изведување на осигурувањето и дека договорните одредби се во согласност со договореното меѓу договорните страни. [3] Осигуреникот при склучување на Договорот за осигурување пополнува и потпишува прашалник за здравствената состојба, кој е составен дел на полисата заедно со документацијата наведена како прилог во прашалникот за здравствена состојба. Врз основа на прашалникот за здравствената состојба и прилог- документацијата, осигурувачот во Договорот за осигурување ја одредува висината на премијата за осигурување, односно исклучување на сите обврски поврзани со здравствената состојба на осигуреникот при склучувањето. Ако новородено дете се осигури во рок од четиринаесет (14) дена по раѓањето, не е потребно пополнување на прашалник за здравствена состојба и достава на прилог-документација. [4] Ако за склучување на осигурување е потребен лекарски преглед, осигуреникот, по барање на осигурувачот, го прави во рок од четиринаесет (14) дена. Ако за склучување на осигурувањето е потребна дополнителна здравствена документација, осигуреникот му ја доставува на осигурувачот по негово барање во рок од четиринаесет (14) дена. [5] Потпишаната понуда за склучување на Договорот за осигурување која му била поднесена на осигурувачот, го обврзува понудувачот во рок од осум (8) дена од денот кога пристигнала кај осигурувачот, а ако е потребен лекарски преглед, во рок од триесет (30) дена. Ако осигурувачот во тој рок не ја одбие понудата која не отстапува од условите по кои се склучува осигурувањето, се смета дека понудата е прифатена и дека Договорот за осигурување е склучен истиот ден кога пристигнала кај осигурувачот. [6] Ако осигурувачот е подготвен да ја прифати понудата само под посебни или променети услови, Договорот за осигурување ќе биде склучен оној ден кога осигуреникот ќе се согласи со потпис на тие услови. Се смета дека понудувачот се откажал од понудата ако на посебните или променети услови од осигурувачот не се потпише во рок од осум (8) дена од денот на прием на известувањето од осигурувачот.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. Договорот за осигурување е полноважен само ако е склучен во писмена форма. Сите известувања и изјави што се даваат помеѓу договорните страни, а кои се однесуваат на одредбите од склучениот договор за осигурување, мора да бидат во писмена форма.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. Договорот за осигурување се склучува врз основа на усмена или писмена понуда, а склучен е кога договорните страни ќе ја потпишат полисата за осигурување. Ако осигурувачот во врска со примената писмена понуда побара било какво дополнување или измена, како ден на прием на понудата ќе се смета денот кога осигурувачот го примил бараното дополнување или измена. Сите известувања и изјави што се даваат помеѓу договорните страни, а кои се однесуваат на одредбите од склучениот договор за осигурување, мора да бидат во писмена форма.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ. Договорот за осигурување се склучува врз основа на усна или писмена понуда.