Мерење на електрична енергија Примери за клаузули

Мерење на електрична енергија. За вградување во мерните ормари ќе се користат постојните мерни уреди за мерење на енергија (тип A1500, произведени од ELSTER, Германија). Истите се поврзани во мерен кластер и се поврзани со НДЦ во Скопје, каде се инсталирани два АМR МDМ система за далечинско отчитување на податоците од броилата и нивна обработка. Барањата од доменот на уредите за мерење на електрична енергија се дадени подоле во овие Технички спецификации. Ормарите за мерење на електрична енергија: сите страни, подвижниот внатрешен панел и вратата од ормарот да бидат изработени од двапати декапиран челилен лим, обоен со електростатско нанесување на епоксиден лак во прав. Предната страна на ормарот е затворена со проѕирна застаклена врата. Во ормарот позади застаклената врата на ротирачкиот панел да се инсталираат броилата, утичници, модемот(рутерoт), конверторот. На задниот дел на ормарот е монтирана апаратна плоча на која се монтира и асемблира останатата опрема. На ормарот е предвиден извлечив дел тн. лизгачка работна плоча. Ормарот е со димензии: 2000 х 800 х 600mm. Степен на механичка заштита е IP 54.
Мерење на електрична енергија се предвиди мерење на електрична енергија на новите полиња. Мерењето на енергија да биде на ниска страна. Броилото да се смести во командна зграда. Мерењето да биде полуиндиректно, со употреба на струјни трансформатори за 0.4 kV. Броилото треба да се поврзе со системот за аквизиција на броила на АД МЕПСО, односно да се обезбеди далечинско отчитување од системот за аквизиција на броила. Броилото треба да е повеќефункционално, трифазно, 4 тарифно, двонасочно со следните карактеристики: • In=5A, Un=230 V • Класа на точност: активна 0.5, реактивна 1(2); • Да има комуникациска порта RS485; • Да има комуникациски протокол за далечинско отчитување IEC 1107/VDEW-2; Броилото треба да е поврзано на засебни јадра за мерење во струјните мерни трансформатори. • К-ки на СМТ: In = 5A; класа 0,2; FS=5; Sn = според пресметка; (Едно јадро за броило, едно јадро за мултифункционален инструмент на командна табла);

Related to Мерење на електрична енергија

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик. 4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик. 4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.

  • Информации за понудувачот Име на понудувачот:

  • Начин на комуникација 1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (▇▇▇▇▇://▇▇▇.▇- ▇▇▇▇▇▇▇.▇▇▇.▇▇). Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање. 1.12.2 Понудата и придружната документација се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН, освен во случаите од точка 2.1.2. 1.12.3 Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 4.8 и 4.9 од Инструкциите за понудувачите.

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.