Преглед на постојна опрема Примери за клаузули

Преглед на постојна опрема. Опремата и уредите кои се специфицирани во оваа точка не се предмет на набавка. Истите се во сопственост на АД МЕПСО и со оваа ЈН се бара нивна инсталација и поврзување со примарната опрема. При примопредавањето на постоечката опрема ќе биде формирана комисија за примопредавање од страна на АД МЕПСО и изведувачот која ќе изврши проверка на количината и исправноста на предадената опрема и ќе изготви записник од примопредавањето.
Преглед на постојна опрема. Опремата и уредите, како и каблите специфицирани во оваа точка (види колона “Залиха” во табелата подоле) не се предмет на набавка. Истите се во сопственост на АД МЕПСО и со оваа ЈН се бара нивна инсталација и поврзување со примарната опрема. При примопредавањето на постоечката опрема ќе биде формирана комисија за примопредавање од страна на АД МЕПСО и изведувачот која ќе изврши проверка на количината и исправноста на предадената опрема и ќе изготви записник од примопредавањето. Останатите потребни количини се обврска на Носителот на набавката.

Related to Преглед на постојна опрема

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.

  • Цена на понудата 3.6.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.

  • Содржина на понудата 4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи: - пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА; - договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда); - документи за утврдување на личната состојба наведени во тендерската документација; - документи за утврдување на способноста за вршење на професиоална дејност наведени во тендерската документација; - изјава за сериозност на понудата; - изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно), - пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори), - пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации). - Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач/и (се доставува само доколку постои каква намера) . 4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на електронските обрасци на понуда дадени во оваа тендерска документација. 4.1.3 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.

  • Период на важност на понудата 4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи. 4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.

  • ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА [меморандум на понудувачот]