НАДОМЕСТ НА ШТЕТА И ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ Примери за клаузули

НАДОМЕСТ НА ШТЕТА И ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Договорните страни се согласни дека доколку ▇▇▇▇▇▇▇▇▇ на набавката не ги исполни обврските по овој Договор во рокот утврден во член 4 на овој Договор, Договорниот орган има право да бара од Носителот на набавката да му исплати договорна казна во висина од 1% од вкупната вредност на Договорот за секој нареден ден задоцнување, но не повеќе од 5 (пет) дена од утврдениот рок за извршување на обврските. Утврдениот износ на договорна казна поради задоцнување, Договорниот орган ќе го засмета и одбие при исплатата на износ од фактура на Носителот на набавката доставена за исплата. Исто така, договорните страни се согласни дека доколку ▇▇▇▇▇▇▇▇▇ на набавката не ги изврши обврските во рок и на начин утврден со овој Договор, покрај правото на договорна казна од став 1 на овој член, Договорниот орган има право да го раскине Договорот со проста изјава за раскинување на Договорот и да бара надомест на штета. Во овој случај Договорниот орган го задржува правото да склучи Договор со второрангираниот понудувач, а разликата помеѓу цената на услугите утврдена со овој Договор и цената на второрангираниот понудувач, паѓа на товар на ▇▇▇▇▇▇▇▇▇ на набавката.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА И ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Договорните страни се согласни дека доколку ▇▇▇▇▇▇▇▇▇ на набавката не ги исполни обврските по овој Договор во рокот утврдени во член 4 на овој До- говор, Договорниот орган има право да бара од Носителот на набавката да му исплати надомест на штета и договорна казна во висина од 0,5 % на неиспорачаната стока за секој нареден ден задоцнување, но не повеќе од 5% од вкупната вредност на Договорот. Утврдениот износ на договорна казна поради задоцнување, Договорниот орган ќе го засмета и одбие при исплатата на износот од фактурата на Носителот на набавката доставена за исплата.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА И ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Договорните страни се согласни дека доколку Носителот на набавката не ги исполни обврските по овој Договор во рокот утврден во член 4 на овој Договор, Договорниот орган има право да бара од Носителот на набавката да му исплати договорна казна во висина од 1% на вкупната вредност на Договорот, за секој нареден ден задоцнување од денот кога Носителот на набавката треба да ги испорача стоките, но не повеќе од 3 (три) дена од утврдениот рок за испорака. Утврдениот износ на договорна казна поради задоцнување, Договорниот орган ќе го засмета и одбие при исплатата на износот од фактурата на Носителот на набавката доставена за исплата. Исто така, договорните страни се согласни дека доколку ▇▇▇▇▇▇▇▇▇ на набавката не ги испорчува стоките во рок и на начин утврден со овој Договор, покрај правото на договорна казна од став 1 на овој Член, Договорниот орган има право да го раскине Договорот со проста изјава за раскинување на Договорот. Во овој случај Договорниот орган го задржува правото да склучи Договор со второрангираниот понудувач, а разликата меѓу цената на услугите утврдена со овој Договор и цената на второрангираниот понудувач, паѓа на товар на ▇▇▇▇▇▇▇▇▇ на набавката.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА И ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Договорните страни се согласија дека доколку ▇▇▇▇▇▇▇▇▇ на набавката не ги испорача стоките во рокот и на начин утврдени во член 5 од овој Договор, Договорниот орган има право да бара од Носителот на набавката да му исплати договорна казна во висина од 0,5% од вредноста на неиспорачаната стока за секој започнат нареден ден од денот во кој Носителот на набавката бил должен да ја изврши испораката на стоките до денот кога ја испорачал стоката, но не повеќе од 5% од вредноста на неиспорачаната стока. Износот на договорната казна се одбива од износот на фактурата доставена од Носителот на набавката.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА И ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Договорните страни се согласни дека доколку ▇▇▇▇▇▇▇▇▇ на набавката не ги испорача стоките во рокот и начин утврдени во член 4 од овој Договор, Договорниот орган има право да бара од Носителот на набавката да му исплати договорна казна во висина од 0,5% од вредноста на неиспорачаната стока за секој започнат нареден ден од денот во кој Носителот на набавката бил должен да ја изврши испораката на стоките до денот кога ја испорачал стоката, но не повеќе од 5% од вредноста на неиспорачаната стока. Договорниот орган има право да пресмета износ на договорна казна за доцнење на испораката, за истото да побара книжно одобрување од Носителот на набавката. Исто така, договорните страни се согласни дека доколку ▇▇▇▇▇▇▇▇▇ на набавката се испорача повеќе од 10 % од релевантната пратка од стоките, Договорниот орган има право да го раскине Договорот со проста изјава за раскинување на Договорот. Во овој случај Договорниот орган го задржува правото да склучи Договор со второрангираниот понудувач. Во смисла на став 3 од овој член, се смета дека ▇▇▇▇▇▇▇▇▇ на набавката не ги испорачува стоките кога нема да изврши нивна испорака ниту по истекот на рокот од 10 дена од денот кога требало да ја испорача стоката наведен во член 4 од овој Договор.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА И ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Договорните страни се согласни дека доколку Носителот на набавката не ги испорача стоките во рок и на начин утврдени во член 4 на овој Договор, Договорниот орган има право да наплати од Носителот на набавката договорна казна во висина од 0,5% од вкупната вредноста на договорот за секој нареден ден задоцнување, но не повеќе од 10 (десет) дена од утврдениот рок за извршување на обврските. После истекот на овој рок од 10 (десет) дена, Договорниот орган има право да го раскине Договорот и да бара надомест на штета. Утврдениот износ на договорната казна поради задоцнување или неизвршување Договорниот орган ќе го засмета и одбие при исплата на износот на фактурата на Носителот на набавката доставена за исплата за извршените услуги и/или испорачаните стоки поврзани со нив во месецот за кој се однесуваат забелешките.
НАДОМЕСТ НА ШТЕТА И ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ. Договорните страни се согласни дека доколку Носителот на набавката не ги испорача стоките во рок и на начин утврдени во член 4 на овој Договор, Договорниот орган има право да наплати од Носителот на набавката договорна казна во висина од 0,5% од вкупната вредноста на договорот за секој нареден ден задоцнување, но не повеќе од 10 (десет) дена од утврдениот рок за извршување на обврските. После истекот на овој рок од 10 (десет) дена, Договорниот орган има право да го раскине Договорот и да бара надомест на штета. Утврдениот износ на договорната казна поради задоцнување или неизвршување Договорниот орган ќе го засмета и одбие при исплата на износот на фактурата на Носителот на набавката доставена за исплата за извршените услуги и/или испорачаните стоки поврзани со нив во месецот за кој се однесуваат забелешките.

Related to НАДОМЕСТ НА ШТЕТА И ДОГОВОРНА КАЗНА ЗА ЗАДОЦНУВАЊЕ ИЛИ НЕИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ

  • НАДОМЕСТ НА ШТЕТА Осигурувачот го исплатува надоместот на штета во рок од 14 дена сметано од денот кога ја утврдил својата обврска и висината на таа обврска. До колку при разгледување на барањето се утврди дека осигуреникот не ги доставил сите докази и факти битни за утврдување на основот и висината на штетата, осигурувачот нема да изврши исплата на штета.

  • Појаснување Измена И Дополнување На Тендерската Документација 1.10.1 Секое барање, информација и објаснение за тендерската документација и други документи во процесот може, преку електронска пошта, да се испрати на Центарот за развој на источен плански регион (ЦРИПР). ЦРИПР ќе одговори во рок од 5 (пет) дена од приемот на пораката на веб страните на ЦРИПР и ПЗП. 1.10.2 Центарот за развој на Источен плански регион, како договорен орган, го задржува правото најдоцна 5 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација. Изменетата и/или дополнета тендерска документација ќе биде повторно објавена на веб страната на Договорниот орган и веб страната на Програмата за зачувување на природата во Македонија.

  • Измена и дополнување на тендерската документација 3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 (шест) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што ја подигнале. 3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 (шест) дена. 3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на Договорот со избраниот најповолен понудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен понудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на Договорот со вклучен ДДВ. 7.5.2 Гаранцијата од точка 7.5.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат. 7.5.3 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност најмалку 1 (еден) месец по истекот на рокот за целосно реализирање на договорот. Договорниот орган по извршениот избор на најповолен понудувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата. 7.5.4 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот. 7.5.5 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка. 7.5.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува во рок од 20 дена од добиеното известување за извршениот избор, а пред склучување на договорот. 7.5.7 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта или лично во Царинската управа, Одделение за јавни набавки, ул. ,,Колекторска“ бб, Скопје. 7.5.8 Гаранцијата за квалитетно извршување на Договорот ќе биде наплатена доколку Носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести Носителот на набавката. Доколку дојде до наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе објави до ЕСЈН негативна референца. За наплатата на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот и за објавувањето на негативна референца на ЕСЈН, Носителот на набавката може да покрене спор пред надлежниот суд. 7.5.9 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на обврските по договорот. 7.5.10 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, Договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на Договорниот орган.

  • Известување за доделување на договорот за јавна набавка 6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој поднел најниска цена во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда. 6.2.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во електронска форма преку ЕСЈН дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 (три) дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од спроведената постапка, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.