Потпишување на договорот Примери за клаузули

Потпишување на договорот. Понудувачите писмено ќе биде информирани за прифаќање/одбивање на нивната понуда. Нарачателот го задржува правото да побара дополнителни документи од понудувачот. Најуспешниот понудувач ќе биде поканет да склучи договор за извршување на услугите. Сите други понудувачи ќе бидат известени за резултатите од евалуацијата на понудите.
Потпишување на договорот. Договорниот орган договорот му го доделува на економскиот оператор чија понуда е утврдена како најповолна врз основа на критериумот за доделување на договорот за јавна набавка – економски најповолна понуда.
Потпишување на договорот. Авансно плаќање и гаранција за авансно плаќање
Потпишување на договорот. По завршување на изборот за најповолен понудувач сите понудувачи во постапката ќе бидат известени за одлуката за прифаќање/одбивање на доставената понуда. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици.
Потпишување на договорот. Успешниот понудувач писмено ќе биде информиран за прифаќањето на неговиот тендер. Понудувачот ќе биде поканет да го потпише договорот.
Потпишување на договорот. По завршување на изборот за најповолен понудувач сите понудувачи во постапката ќе бидат известени за одлуката за прифаќање/одбивање на доставената понуда. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Успешниот понудувач ќе биде информиран за прифаќањето на неговата понуда, најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлука за избор на најповолна понуда. Нарачателот го задржува правото да побара дополнителни документи од понудувачот. Најуспешниот понудувач ќе биде поканет да склучи договор за извршување на услугите.
Потпишување на договорот. Успешниот понудувач писмено ќе биде информиран за прифаќањето на неговиот тендер најдоцна 7 (седум) работни денови по извршената евалуација на сите понуди. Известувањето може да биде доставено по пошта, електронски или лично на рака. По доставеното известување, успешниот понудувач е должен во рок од 5 (работни) дена да достави ДРД образец (образец за регистрирана дејност – не постара од 6 (шест) месеци и тековна состојба не постара од 6 месеци. Откако ќе се документираат и проверат овие документи, понудувачот ќе биде поканет да го потпише договорот, не подоцна од 2 дена по прием на документите. На сите други понудувачи ќе им биде доставено известување за резултатите од евалуацијата на тендерите, по пошта, електронски или лично на рака најдоцна (7) седум дена по извршената евалуација на понудите.
Потпишување на договорот. Договорот останува отворен за потпис од страна на која било држава која ги исполнува условите да стане страна на Договорот од членот 20 став (1), од Европската патентна организација, Евроазиската патентна организација и Африканската регионална организација за индустриска сопственост во седиштето на Организацијата една година по неговото усвојување.

Related to Потпишување на договорот

  • РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна има право да го раскине овој Договор со доставување на писмено известување во рок од 7 (седум) дена пред раскинувањето на договорот.

  • ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ Предмет на овој Договор е регулирање на односите меѓу Фондот и Здравствената установа за обезбедување и извршување на основни здравствени услуги на осигурените лица во примарната здравствена заштита, начинот на плаќање на услугите, правата и обврските на договорните страни како и други прашања кои се однесуваат за уредување на меѓусебните односи помеѓу договорните страни.

  • ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ Вкупната вредност на овој договор изнесува: - Вкупно без ДДВ ,00 денари - ДДВ 18% ,00 денари Вкупно со ДДВ ,00 денари Со зборови денари, со вклучен ДДВ.

  • Известување за доделување на договорот за јавна набавка 6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој поднел најниска цена во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда. 6.2.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во електронска форма преку ЕСЈН дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 (три) дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од спроведената постапка, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.

  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ Договорот се склучува за временски период 12 (дванаесет) месеци од денот на потпишувањето на Договорот од страна на двете договорни страни.