Појаснување Измена И Дополнување На Тендерската Документација. 1.10.1 Секое барање, информација и објаснение за тендерската документација и други документи во процесот може, преку електронска пошта, да се испрати на Центарот за развој на источен плански регион (ЦРИПР). ЦРИПР ќе одговори во рок од 5 (пет) дена од приемот на пораката на веб страните на ЦРИПР и ПЗП. 1.10.2 Центарот за развој на Источен плански регион, како договорен орган, го задржува правото најдоцна 5 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација. Изменетата и/или дополнета тендерска документација ќе биде повторно објавена на веб страната на Договорниот орган и веб страната на Програмата за зачувување на природата во Македонија.
Appears in 2 contracts
Sources: Contract, General Agreement