ПРИМЕНА НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ. Овие Општи услови на Македонски Телеком АД - Скопје ќе се применуваат на новите претплатници од денот на нивното влегување во сила. Општите услови се применуваат и на претплатнички договори склучени пред тие да влезат во сила, во рок од 30 дена од денот на нивното објавување на веб-страницата на Македонски Телеком АД - Скопје. Се смета дека претплатникот се согласил и ги прифатил изменетите услови на стандардниот претплатнички договор, доколку во период од 30 дена од денот на примената на новите општи услови, со поднесување на писмено барање, на пропишан образец, не го извести Македонски Телеком АД - Скопје дека го раскинува договорот. Раскинувањето на договорот и неприфаќањето на изменетите општи услови не го ослободува претплатникот од плаќање на пристигнатите и неплатени обврски или од исполнување на договорените обврски пристигнати пред извршените измени. Во случај на раскинување на договорот сите финансиски обврски на претплатникот кон Македонски Телеком АД - Скопје стасуваат веднаш.
Appears in 2 contracts
Sources: General Terms and Conditions for Subscription Services, Општи Услови За Засновање Претплатнички Однос