ПРИМЕНА НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ. Овие општи услови се применуваат во односите помеѓу Банката и Корисникот засновани со потпишување на Договор за користење на системот за електронско банкарство и останатата документација. -Барање за користење на системот за електронско банкарство (прилог); -Договор за користење на системот за електронско банкарство (прилог); Врз основа на доставеното барање, Корисникот се определува за користење само на информативниот дел на системот за електронско банкарство или на информативно-финансискиот дел на системот, односно и на делот за плаќања и креирање електронски пораки. Пред да го достави пополнетото барање за користење на електронско банкарство до банката, Корисникот сам се најавува на интернет страната на Банката ▇▇▇.▇▇▇▇▇▇.▇▇ и врши првична регистрација согласно Упатството за користење на системот за електронско банкарство достапно на интернет адресата на Банката во делот за ccb online.
Appears in 2 contracts
Sources: Општи Услови За Користење На Системот За Електронско Банкарство, Општи Услови За Користење На Системот За Електронско Банкарство