РАЗРЕШУВАЊЕ НА СПОРОВИ Примери за клаузули
РАЗРЕШУВАЊЕ НА СПОРОВИ. 12.1. Постапкa кај давателите на платежни услуги
РАЗРЕШУВАЊЕ НА СПОРОВИ. Договорните страни изјавуваат дека се согласни било какви спорови кои што ќе произлезат од овој Договор или се однесуваат на него вклучувајќи спорови во однос на неговото толкување, невалидност, исполнување или раскинување или негово прилагодување кон новонастанати околности, ќе се решаваат со преговори меѓу договорните страни.
РАЗРЕШУВАЊЕ НА СПОРОВИ. (1) Страните се согласни дека секој спор кој произлегува во врска со овој БД ќе се обидат да го разрешат на мирен начин со непосредни преговори, во духот на добрата деловна соработка.
(2) Доколку Квалификуваниот понудувач и УС не успеат да го решат спорот со непосредни преговори во рок од 15 (работни) дена, за спорови кои се утврдени во член 37 од Законот за енергетика, Квалификуваниот понудувач и УС се должни да постапат согласно Законот за енергетика и подзаконските акти. За спорови кои не се утврдени во член 37 од Законот за енергетика како спорови за кои одлучува РКЕ, доколку Квалификуваниот понудувач и УС не го решат спорот со непосредни преговори во рок од 15 (работни) дена, секоја страна за спорното прашање може да поведе постапка пред надлежен суд или друг надлежен орган во Република Северна Македонија.
РАЗРЕШУВАЊЕ НА СПОРОВИ. Договорните страни се согласни дека споровите во врска со примената на одредбите на овој Договор, ќе ги решаваат спогодбено.
РАЗРЕШУВАЊЕ НА СПОРОВИ. Страните се согласни дека секој спор кој произлегува во врска со овој РД ќе се обидат да го разрешат на мирен начин, во духот на добрата деловна соработка. Во случај спорот да не може да се разреши на мирен начин, споровите кои произлегуваат од овој РД ќе бидат разрешени пред стварно и месно надлежен суд.
РАЗРЕШУВАЊЕ НА СПОРОВИ. (1) Договорните страни се согласни да се обидат да решат било каков спор помеѓу нив, кој произлегува од овој Договор, преку непосредни преговори.
(2) Доколку спорот не се разреши по договорен пат од двете страни во рок од 30 (триесет) календарски дена заинтересираната договорна страна поднесува барање за разрешување на несогласувањето до Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија согласно Законот за енергетика и Правилникот за начинот, условите и постапката за разрешување на споровите коишто настанале меѓу вршителите на енергетските дејности и корисниците на енергетските дејности, како и висината на надоместокот на трошоците за разрешување на спорот.
(3) Доколку настанатиот спор не се реши и по спроведена постапка од став 2 на овој член , заинтересираната договорна страна може да поведе соодветна постапка пред надлижниот суд.