Склучување на договор. Договорот се смета за склучен на денот на потпишувањето и истиот влегува на сила со денот на извршување на приклучокот. Договорот склучен со претплатникот особено содржи: • Име и адреса на операторот, • Услуги кои се обезбедуваат, квалитет на понудените услуги, како и времето потребно за почетно приклучивање; • Вид и начин на одржување на услугите што се предмет на договорот; • Детални информации за тарифите и цените и роковите за информирање за промени на тарифите и цените; • Информации за влегување во сила и престанок на претплатничкиот договор, времетраењето и условите за негово продолжување, како и давањето на услуги; • Враќање на износот на претплатата и обесштетување за услугите кое не се обезбедени на нивото а договорениот квалитет; • Правна поука за разрешување на спорови; • Обврска за информирање на претплатниците за планираните измени во условите наведени во претплатничкиот договор и начинот на прифаќање на новите услови за продолжување или раскинување на претплатничкиот договор; • Можност за претплатниците нивните лични податоци да не бидат објавувани во јавност и достапни до јавноста преку целосниот телефонски именик и телефонска служба за информации од целосниот телефонски именик; • Постапки во случај на неплаќање или ненавремено плаќање на надоместокот за услугите; • Информација за бројот 190 на контак центарот на Агенцијата за електронски комуникации, каде што претплатниците може да ги остварат своите права. Како составен дел кон договорот се сметаат и обрасците и анексите кон договорот кои ги пополнува и склучува претплатникот за активирање или деактивирање на услуги и поради утврдување или менување на тарифен модел кој го користи, како и записите од евиденцијата за претплатникот. Договорот се склучува на неопределено време, односно месец за месец, се додека некоја од договорените страни не побара да го раскине договорот. Договорот во случај претплатникот да е физичко лице треба да биде потпишан лично од страна на претплатникот или од лице овластено од него, а во случај на правно лице договорот треба да биде потпишан од овластениот потписник на правното лице или вработен овластен за таа цел со специјално полномошно од правното лице и заверено со печат на правното лице. Операторот мора да води евиденција за сите воспоставени претплатнички односи со корисниците која особено треба да содржи податоци за:
Appears in 1 contract
Sources: General Terms and Conditions
Склучување на договор. Договорот се смета за склучен на денот на потпишувањето и истиот влегува на сила со денот на извршување на приклучокот. Договорот склучен со претплатникот особено содржи: • Име и адреса на операторот, • Услуги кои се обезбедуваат, квалитет на понудените услуги, како и времето потребно за почетно приклучивање; • Вид и начин на одржување на услугите што се предмет на договорот; • Детални информации за тарифите и цените и роковите за информирање за промени на тарифите и цените; • Информации за влегување во сила и престанок на претплатничкиот договор, времетраењето и условите за негово продолжување, како и давањето на услуги; • Враќање на износот на претплатата и обесштетување за услугите кое не се обезбедени на нивото а договорениот квалитет; • Правна поука за разрешување на спорови; • спорови;• Обврска за информирање на претплатниците за планираните измени во условите наведени во претплатничкиот договор и начинот на прифаќање на новите услови за продолжување или раскинување на претплатничкиот договор; • Можност за претплатниците нивните лични податоци да не бидат објавувани во јавност и достапни до јавноста преку целосниот телефонски именик и телефонска служба за информации од целосниот телефонски именик; • Постапки во случај на неплаќање или ненавремено плаќање на надоместокот за услугите; • Информација за бројот 190 на контак центарот на Агенцијата за електронски комуникации, каде што претплатниците може да ги остварат своите права. Како составен дел кон договорот се сметаат и обрасците и анексите кон договорот кои ги пополнува и склучува претплатникот за активирање или деактивирање на услуги и поради утврдување или менување на тарифен модел кој го користи, како и записите од евиденцијата за претплатникот. Договорот се склучува на неопределено време, односно месец за месец, се додека некоја од договорените страни не побара да го раскине договорот. Договорот во случај претплатникот да е физичко лице треба да биде потпишан лично од страна на претплатникот или од лице овластено од него, а во случај на правно лице договорот треба да биде потпишан од овластениот потписник на правното лице или вработен овластен за таа цел со специјално полномошно од правното лице и заверено со печат на правното лице. Операторот мора да води евиденција за сите воспоставени претплатнички односи со корисниците која особено треба да содржи податоци за: -Физички лица:Име и Презиме,адреса ,ЕМБГ и број на исправа -Правни лица:Назив, адреса и седиште и ЕДБ Овие податоци не треба да се даваат на трети лица, согласно законот за заштита на личните податоци и согласно ▇▇▇.
Appears in 1 contract
Sources: Subscription Agreement