Common use of ВРАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА Clause in Contracts

ВРАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА. (1) Ако осигуреното возило биде уништено пред почетокот на обврските на осигурувачот, договарачот на осигурувањето има право на поврат на платената премија. (2) Ако осигуреното возило биде уништено по почетокот на обврските на осигурувачот од ризици кои не се опфатени со осигурување или тоталната штета е надоместена по основ на осигурување од одговорност на штетникот, договарачот на осигурување има право на поврат на износот на премијата за преостанатиот период на траење на осигурувањето доколку, во изминатиот период на траење на осигурувањето, не се остварил осигурен случај. (3) Ако осигуреното возило биде уништено по почетокот на обврските на осигурувачот од ризици опфатени со осигурување, на осигурувачот му припаѓа целиот износ на премијата пресметан со полисата за осигурување. (4) Ако возилото се одјави кај надлежен орган со предавање на регистарските таблички, договарачот може да го откаже договорот за осигурување, при што има право на поврат на износот на премијата за преостанатиот период на траење на осигурувањето, доколку во изминатиот период на траење на осигурувањето не се остварил осигурен случај. (5) Доколку во текот на траењето на осигурувањето, осигурувачот дојде до сознанија дека бројот на шасија или бројот на моторот на осигуреното возило не одговара на податоците и стандардите на производителот, истиот има право да го раскине договорот за осигурување без отказен рок. Договарачот на осигурување има право на поврат на износот на премија за преостанатиот период на траење на осигурувањето доколку, во изминатиот период на траење на осигурувањето, не се остварил осигурен случај. (6) Во сите случаи од овој член кога договарачот на осигурувањето има право на поврат на премијата, осигурувачот ја враќа премијата по писмено барање на договарачот на осигурувањето, доколку неискористениот период на траење на осигурувањето е поголем од 30 дена.

Appears in 2 contracts

Sources: Услови За Каско Осигурување На Моторни И Шински Возила, Каско Осигурување