Предмет на каско осигурување на моторни возила Примери за клаузули

Предмет на каско осигурување на моторни возила. Предмет на осигурување се сите видови моторни, приклучни и работни возила (во понатамошен текст “возила”), заедно со радиоапарат, алат и прибор стандардно испорачани од производителот.
Предмет на каско осигурување на моторни возила. (1) Предмет на осигурување се сите видови моторни, приклучни, работни и шински возила (во понатамошен текст “возила”), заедно со радиоапарат, алат и прибор стандардно испорачани од производителот. (2) За стандарно испорачани делови од производителот се сметаат составните делови како фабрички вградена опрема, систем или самостојна техничка единица која како составен дел на определен вид, тип и модел на возило се наведени во договорот за осигурување како и законски пропишаната опрема на возилото. (3) Ако посебно се договори (посебни видови на осигурувања), предмет на осигурување можат да бидат: 1. Алат, дополнителна опрема, приклучни уреди, прибор и резервни делови кои не се стандардно испорачани од производителот; 2. Радиоапарат, ЛЦД дисплеи, систем за навигација, и радиостаница, на возилото, кои не се вградени во возилото од страна на производителот; 3. Рекламни натписи во возило и на возило. 4.Кровно стакло, блиндирано стакло и други надстандардни вложувања. (4) Со осигурување не се опфатени штети кои ќе настанат на делот на возилото за време додека тој просторно е одделен од него. (5) Доколу не е посебно договорено, осигурувачот не е во обврска за исплата на штета за кровно стакло,блиндирано стакло и други надстандардни вложувања во возилото.
Предмет на каско осигурување на моторни возила. (1) Предмет на осигурување се сите видови моторни, приклучни, работни и шински возила (во понатамошен текст “возила”), заедно со радиоапарат, алат и прибор стандардно испорачани од производителот. (2) Ако посебно се договори (посебни видови на осигурувања), предмет на осигурување можат да бидат: 1. Алат, дополнителна опрема, приклучни уреди, прибор и резервни делови кои не се стандардно испорачани од производителот; 2. Радиоапарат, грамофон, магнетофон, касетофон, телевизор и радиостаница на возилото, кои не се вградени во возилото од страна на производителот; 3. Рекламни натписи во возило и на возило. (3) Со осигурување не се опфатени штети кои ќе настанат на делот на возилото за време додека тој просторно е одделен од него.
Предмет на каско осигурување на моторни возила. (1) Предмет на осигурување се сите видови моторни, приклучни, работни и шински возила (во натамошен текст “возила”), заедно со аудио, видео и телекомуникациска опрема, алат и прибор стандардно испорачани од производителот. (2) Ако посебно се договори, предмет на осигурување може да биде дополнителната опрема во возилото од член 7, со плаќање на посебна премија за дополнителна опрема. Осигурувањето може да се склучи со потполно и делумно каско осигурување. (3) Ако посебно се договори, предмет на осигурување можат да бидат трошоци поради некористење на осигуреното возило заради остварен осигурен случај. Осигурувањето може да се склучи само со потполно каско осигурување со плаќање на посебна премија.
Предмет на каско осигурување на моторни возила. (1) Предмет на осигурување се сите видови моторни, приклучни, работни и шински возила ( во понатамошниот текст " возила") и нивните составни делови. (2) Како составни делови на возилото се сметаат: 1) алат, прибор и резервни делови стандардно испорачани за соодветниот тип на возилото; 2) радио-апарат кој е вграден во возилото од страна на производителот на возилото; 3) уред за обезбедување од кражба, противпожарен апарат во возилото, сигурносен триаголник, сигурносни ремени, тахаграф, јаже, односно руда за влечење, прирачна аптека, резервни сијалици, додатни надворешни и внатрешни огледала, лампа, мигавец за обележување на застанато возило ноќе на патот, халогени светла, магловки, греач на задно стакло, брисач на задно стакло, наслони за глава и ланци за снег; (3) Ако посебно се договори (посебни видови на осигурувања), предмет на осигурување може да бидат: 1) алат, дополнителна опрема, приклучни уреди, прибор и резервни делови кои не се сметаат како составни делови на возилото; 2) радио апарат, грамофон, магнетофон, телевизор и радио станица во возилото, кои не се вградени во возилото од страна на производителот на возилото; 3) рекламни натписи во возилото и на возилото; (4) Со осигурување не се опфaтени штети кои ќе настанат на делот на возилото за време додека тој просторно е одделен од возилото.

Related to Предмет на каско осигурување на моторни возила

  • ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ (1) Со осигурување од ризикот кршење може да бидат опфатени: 1. Работен уред на товарни возила, автобуси, приколки, контејнери и работни возила; и 2. Влечни возила (трактори) и работни возила, во целина. (2) Моторот е составен дел на работниот уред само ако исклучиво служи за движење на работниот уред, а не и за движење - влечење на возилото во насоки. Ако истиот мотор истовремено служи за движење на возилото и за движење на работниот уред на возилото, не се смета за составен дел на работниот уред на возилото. (3) Шасијата, односно постољето на кое се наоѓа работниот уред, како и возачката кабина, каросеријата, трансмисијата и останатите делови на возилото што овозможуваат движење (влечење) на возилото во насока, во секој случај не се сметаат за работен уред односно за дел од работен уред. (4) Со осигурување е опфатено и маслото и полнењето во уредите. (5) Штетите на маслото и полнењата се надоместуваат во процентуална вредност во зависност од векот на траење одреден со важечките прописи. (6) Со потполно каско осигурување опфатени се и штетите на електрични и дизел-електрични локомотиви што се причинети од непосредно дејство на електрична енергија.

  • ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА 9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.

  • РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна има право да го раскине овој Договор со доставување на писмено известување во рок од 7 (седум) дена пред раскинувањето на договорот.

  • Склучување на договорот за јавна набавка 6.4.1 Договорниот орган ќе го достави Договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 6 (шест) примероци на потпишување. 6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише Договорот за јавна набавка и истиот да му го врати на Договорниот орган во рок од 5 (пет) работни дена од денот на добивање на Договорот. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од Договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на Договорниот орган. 6.4.3 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише Договорот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, Договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на Договорот и да ја објави негативната референца.

  • ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ 1. Осигурувачот има обврска врз основа на договореното осигурување да му исплати на корисникот: (a) во случај на доживување по истекот на договореното траење на осигурувањето, осигурената сума;