Предмет на каско осигурување на моторни возила. (1) Предмет на осигурување се сите видови моторни, приклучни, работни и шински возила (во понатамошен текст “возила”), заедно со радиоапарат, алат и прибор стандардно испорачани од производителот. (2) За стандарно испорачани делови од производителот се сметаат составните делови како фабрички вградена опрема, систем или самостојна техничка единица која како составен дел на определен вид, тип и модел на возило се наведени во договорот за осигурување како и законски пропишаната опрема на возилото. (3) Ако посебно се договори (посебни видови на осигурувања), предмет на осигурување можат да бидат: 1. Алат, дополнителна опрема, приклучни уреди, прибор и резервни делови кои не се стандардно испорачани од производителот; 2. Радиоапарат, ЛЦД дисплеи, систем за навигација, и радиостаница, на возилото, кои не се вградени во возилото од страна на производителот; 3. Рекламни натписи во возило и на возило. 4.Кровно стакло, блиндирано стакло и други надстандардни вложувања. (4) Со осигурување не се опфатени штети кои ќе настанат на делот на возилото за време додека тој просторно е одделен од него. (5) Доколу не е посебно договорено, осигурувачот не е во обврска за исплата на штета за кровно стакло,блиндирано стакло и други надстандардни вложувања во возилото.
Appears in 3 contracts
Sources: Услови За Комбинирано Осигурување На Моторни Возила, Услови За Комбинирано Осигурување На Моторни Возила, Услови За Комбинирано Осигурување На Моторни Возила