Губење на правата од осигурување Примери за клаузули

Губење на правата од осигурување. (1) Осигурувачот не е во обврска да ги надомести штетите кои не се предизвикани од ризиците од член 16 и 17 од овие услови, како ни штетите што настанале: 1. Поради дефект за време на движење на возилото (таканаречени погонски штети), како на пример поради: грешка во материјалот, истрошеност на материјалот, лошо ракување, оштетување на федери и амортизери, продупчување, пресекување или прснување на надворешна или внатрешна гума, оштетување на тркало поради возење со празни гуми, недоволно подмачкување, недостаток на вода во ладилникот, оштетување на електрична инсталација, оптоварување преку дозволена носивост и други погонски штети. Осигурувачот, меѓутоа е во обврска да надомести штета од сообраќајна незгода, пожар и експлозија, која настанала непосредно како последица на погонска штета. Осигурувачот е во обврска да ја надомести штетата предизвикана поради дефект кога возилото е во движење (погонска штета) при остварување на ризиците кражба, противправно одземање на возило со намера да се употреби за возење и разбојништво, доколку е платен соодветен доплаток за ризикот провална кражба, противправно одземање на возило и разбојништво ; 2. Поради смрзнување на течноста во ладилникот или блокот на моторот; 3. На моторот или други склопови на возилото, како последица на губење на масло или течност од ладилникот во текот на продолжувањето на возењето после оштетување на возилото; 4. Со губење на погонски материјал поради остварен осигурен случај; 5. Со губење на масло од моторот, диференцијалот и менувачот и течност за ладење; 6. Од товарот што се превезува со возило, освен во случај на сообраќајна незгода; 7. Од товар при натовар и истовар, ако не е платена посебна премија, освен при натовар и истовар со дигалка, ако при тоа се откине јажето или дојде до кршење на дигалката, односно уредот за натовар и истовар и ако при паѓање на товарот возилото биде оштетено. Ако при натовар или истовар на возилото со самоистоварувачки сандак (кипер возило), дојде до превртување на целото возило, се надоместува само штетата настаната како последица на превртување; 8. Поради тоа што возилото е ставено во погон пред конечната поправка, освен ако се работи за штета настаната по привремената поправка што треба да овозможи движење или влечење на возилото до работилницата која треба да изврши друга привремена или конечна поправка; 9. Поради техничка неисправност на возилото, со исклучок ако техничката неисправност настанала ненадејно во текот на возењето и предизвикала остварување...
Губење на правата од осигурување. Осигуреникот ги губи правата од осигурување во следните случаи:
Губење на правата од осигурување. Осигурувачот не е во обврска да ги надомести штетите кои не се предизвикани од ризиците од член 16 и 17 од овие Услови, како ни штетите што настанале:
Губење на правата од осигурување. (1) Осигуреникот ги губи правата од осигурувањето и осигурувачот не е во обврска да надомести штета која е настаната: 1) за време додека со возилото управува лице без соодветна дозвола за управување на тој вид возило, освен лице за време на обука за стекнување на возачка дозвола што се изведува во согласност со прописите. Ќе се смета дека возачот го управува возилото без возачка дозвола и кога со возилото управува за време додека му е изречена забрана за управување на тој вид на возило од страна на надлежен орган, како и лице со истекната возачка дозвола, кое до настанување на осигурениот случај го изгубил правото за нејзино продолжување. 2) за време додека со возилото управува лице под дејство на алкохол, дрога или други наркотици. Во смисла на овие услови се смета дека: - возачот е под дејство на алкохол ако во крвта има повеќе од 10,855 мили мола алкохол во 1 литар крв (повеќе од 0,5%о алкохол), или без оглед на количеството на алкохол во организмот ако со стручен преглед се утврди дека покажува знаци на алкохолна пореметеност; - ако алкохолниот тест е позитивен, а не се погрижи со анализа точно да се утврди степенот на неговата алкохолизираност, освен во случај кога земањето на крв е штетно за неговото здравје (на пр. хемофилија); - ако по сообраќајната незгода избега или одбие да се подложи на испитување на неговата алкохолизираност, или консумира алкохол и го оневозможи утврдувањето на количината на алкохол во крвта; - возачот е под дејство на дрога или други наркотици ако со стручен преглед се утврди дека покажува знаци на пореметување поради употреба на дрога или други наркотици, како и ако по сообраќајната незгода избега или одбие да се подложи на испитување неговата дрогираност. 3) намерно, или со измама од страна на договарачот на осигурување, осигуреникот или членови на нивното потесно семејство и другите овластени лица од член 13. (2) Осигурувачот, меѓутоа е во обврска да ја надомести штетата ако осигурениот случај не е во взаемна причинска врска со управувањето на возилото под дејство на алкохол, дрога или други наркотици или кога со возилото управува лице за чии постапки осигуреникот одговара по било кој основ, освен ако тој (осигуреникот) знаел или можел да знае дека лицето ќе го управува возилото под околностите од став (1) од овој член. (3) По исклучок од ставот (1) на овој член, осигурувачот ќе ја надомести штетата настаната под околностите од ставот (1) точка 1 и 2 на овој член во следните случаи: 1) возачот кој е вработен кај осигурени...
Губење на правата од осигурување. (1) Осигуреникот ги губи правата од осигурување: 1. Ако овозможи да се превезуваат лица на место кое не е предвидено за превоз на лица, за барањата што тие лица ќе ги постават, освен за барање на лицата што се превезуваат во согласност со прописите; 2. Ако со возилото управува без пропишана дозвола за соодветен вид на возилото или ако му е изречена мерка на безбедност или заштитна мерка управување со тој вид на возило, или без надзор на овластен возач - инструктор се обучува за управување со моторно возило во сообраќајот; 3. Ако не е платена дополнителна премија за зголемен ризик, осигуреникот ги губи правата од осигурување за секој осигурен случај во сразмер помеѓу платената премија и премијата што требало да се плати. (2) Осигурувачот има право на регрес врз основа на законот за осигурување за исплатените износи на надоместените штети, заедно со камата и трошоци.
Губење на правата од осигурување. [1] Осигуреникот го губи правото од осигурување: 1) ако со возилото управува лице без соодветна дозвола за управување на тој вид возило, освен ако: a) со возилото управува лице за време на обука за стекнување на возачка дозвола што се изведува во согласност со прописите;

Related to Губење на правата од осигурување

  • ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ (1) Со осигурување од ризикот кршење може да бидат опфатени: 1. Работен уред на товарни возила, автобуси, приколки, контејнери и работни возила; и 2. Влечни возила (трактори) и работни возила, во целина. (2) Моторот е составен дел на работниот уред само ако исклучиво служи за движење на работниот уред, а не и за движење - влечење на возилото во насоки. Ако истиот мотор истовремено служи за движење на возилото и за движење на работниот уред на возилото, не се смета за составен дел на работниот уред на возилото. (3) Шасијата, односно постољето на кое се наоѓа работниот уред, како и возачката кабина, каросеријата, трансмисијата и останатите делови на возилото што овозможуваат движење (влечење) на возилото во насока, во секој случај не се сметаат за работен уред односно за дел од работен уред. (4) Со осигурување е опфатено и маслото и полнењето во уредите. (5) Штетите на маслото и полнењата се надоместуваат во процентуална вредност во зависност од векот на траење одреден со важечките прописи. (6) Со потполно каско осигурување опфатени се и штетите на електрични и дизел-електрични локомотиви што се причинети од непосредно дејство на електрична енергија.

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.

  • Измена, замена и повлекување на понудата 4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10. 4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата. 4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10. 4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1 .

  • Способност за вршење на професионална дејност 2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

  • Форма и потпишување на понудата 4.8.1 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи". 4.8.2 Дополнителни информации за користењето на дигитални сертификати: Полномошното ќе се смета за валидно доколку е приложено во: