ВРАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА. (1) Ако осигурениот предмет биде уништен пред почетокот на обврската на осигурувачот, на договарачот на осигурувањето му се враќа износот на платената премија. Ако осигурениот предмет биде уништен по отпочнувањето на обврската на осигурувачот од ризиците што не се опфатени со осигурувањето, на договарачот на осигурувањето му се враќа износот на премијата за неискористеното времетраење на осигурувањето. (2) Ако осигурениот предмет биде уништен по отпочнувањето на обврската на осигурувачот од ризиците опфатени со осигурувањето, на осигурувачот му припаѓа целиот износ на премијата за тековната година на осигурувањето, односно за договореното времетраење на осигурувањето. (3) Со престанување на договорот за осигурување во сите други случаи пред истекот на времето за кое премијата е платена, премијата му припаѓа на осигурувачот само до завршетокот на денот до кога тој бил во обврска, ако не е поинаку договорено.
Appears in 2 contracts
Sources: General Terms for Property Insurance, General Terms for Property Insurance