Делумно каско осигурување Примери за клаузули

Делумно каско осигурување. (1) Делумно каско осигурување може да се договори од следните групи на ризици: 1. Пожар, удар на гром, експлозија, луња, град, снежна лавина, паѓање на воздушни летала, манифестации и демонстрации, кражба, противправно одземање на возило и разбојништво (комбинација а)*1); 2. Пожар, удар на гром, експлозија, луња, град, снежна лавина, паѓање на воздушни летала, манифестации и демонстрации (комбинација б); 3. Кражба, противправно одземање на возило и разбојништво (комбинација в)*2); Со осигурувањето од ризикот кражба опфатени се и ризиците сообраќајна незгода и погонска штета кои би настанале по остварување на ризикот кражба, противправно одземање и разбојништво; . 4. Кршење и оштетување на стакла на патнички автомобили, освен кровни стакла, стакла на светлата и огледалата (комбинација г); 5. Кршење и оштетување на стакла кај товарни возила и автобуси, освен кровни стакла, стакла на светлата и огледалата (комбинација д). Кај осигурувањето од комбинацијата г и д опфатени се и штетите настанати од ризиците предвидени од член 16 од овие услови, како и кршење на стакло настанато како погонска штета. (2) Делумно каско осигурување на возила - само за време на мирување – може да се договори со осигурувањето да бидат опфатени ризиците од член 16, точка 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13 и 16 од овие услови. Осигурувањето важи само за време додека осигуреното возило се наоѓа на местото кое во полисата е означено со поблиска адреса како место на осигурување, со тоа што возилото треба да е сместено во заклучена гаража освен ако се работи за возила наменети за продажба, кои се сместени во автосалони и на отворен простор кој е заграден и постојано чуван, како и возила на правни лица сместени во дворното место на осигуреникот. Со осигурувањето се опфатени и ризиците сообраќајна незгода и погонска штета, кои би настанале по остварувањето на ризикот кражба, противправно одземање на возилото и разбојништво. (3) Во врска со ризикот кражба со осигурување се опфатени и оштетувања предизвикани на возило со насилно отворање заради кражба, како и оштетувања предизвикани на возило со неовластено ставање во погон (оштетување на: врата, брава на врата, волан, електрична инсталација и други склопови во врска со ставањето на возилото во погон).
Делумно каско осигурување. Возилата се осигуруваат со Делумно Каско од следниве ризици: ДЕЛУМНО КАСКО – СТАКЛА кршење и оштетување на стакло на патнички, товарни возила и автобуси ДЕЛУМНО КАСКО – МИРУВАЊЕ Делумно каско при мирување на возилото.
Делумно каско осигурување. (1) Делумно каско осигурување може да се договори од следните групи на ризици: 1) „од пожарни, природни и други ризици и ризик кражба“: пожар, удар на гром, експлозија, луња, град, снежна лавина, паѓање на воздушни летала, манифестации и демонстрации, ризик кражба -точки 3, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11 и 12 од членот 3, од овие Услови (комбинација А); 2) „од пожарни, природни и други ризици “: пожар, удар на гром, експлозија, луња, град, снежна лавина, паѓање на воздушни летала, манифестации и демонстрации - точки 3, 5, 6, 7, 8, 9, 10 и 11 од членот 3, од овие Услови (комбинација Б); 3) ризик кражба - точка 12 од членот 3, од овие Услови (комбинација В); (2) Делумно каско осигурување на возила - “само за време на мирување” - може да се договори со осигурувањето да бидат опфатени ризиците од член 3, точка 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13 и 16 од овие Услови. Осигурувањето важи само за време додека осигуреното возило се наоѓа на местото кое во полисата е означено со поблиска адреса како место на осигурување, со тоа што возилото треба да е сместено во заклучена гаража освен ако се работи за возила наменети за продажба, кои се сместени во автосалони и на отворен простор кој е заграден и постојано чуван, како и возила на правни лица сместени во дворното место на осигуреникот. Со осигурувањето се опфатени и ризиците сообраќајна незгода и погонска штета, кои би настанале по остварувањето на ризикот кражба.
Делумно каско осигурување. Возилата се осигуруваат со Делумно Каско од следниве Пакет ризици:
Делумно каско осигурување. (1) Делумно каско осигурување може да се договори од следните групи на риЗици: 1) „од пожарни, природни и други риЗици и риЗик кражба“: пожар, удар на гром, експлоЗија, луња, град, снежна лавина, паíање на воЗдушни летала, манифестации и демонстрации, риЗик кражба -точки 3, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11 и 12 од членот 3, од овие Услови (комбинација А); 2) „од пожарни, природни и други риЗици “: пожар, удар на гром, експлоЗија, луња, град, снежна лавина, паíање на воЗдушни летала, манифестации и демонстрации - точки 3, 5, 6, 7, 8, 9, 10 и 11 од членот 3, од овие Услови (комбинација Б);

Related to Делумно каско осигурување

  • ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ (1) Со осигурување од ризикот кршење може да бидат опфатени: 1. Работен уред на товарни возила, автобуси, приколки, контејнери и работни возила; и 2. Влечни возила (трактори) и работни возила, во целина. (2) Моторот е составен дел на работниот уред само ако исклучиво служи за движење на работниот уред, а не и за движење - влечење на возилото во насоки. Ако истиот мотор истовремено служи за движење на возилото и за движење на работниот уред на возилото, не се смета за составен дел на работниот уред на возилото. (3) Шасијата, односно постољето на кое се наоѓа работниот уред, како и возачката кабина, каросеријата, трансмисијата и останатите делови на возилото што овозможуваат движење (влечење) на возилото во насока, во секој случај не се сметаат за работен уред односно за дел од работен уред. (4) Со осигурување е опфатено и маслото и полнењето во уредите. (5) Штетите на маслото и полнењата се надоместуваат во процентуална вредност во зависност од векот на траење одреден со важечките прописи. (6) Со потполно каско осигурување опфатени се и штетите на електрични и дизел-електрични локомотиви што се причинети од непосредно дејство на електрична енергија.

  • РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна има право да го раскине овој Договор со доставување на писмено известување во рок од 7 (седум) дена пред раскинувањето на договорот.

  • ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ Кај осигурување на предмети се смета дека осигурениот случај настанал бво моментот кога поради една од осигурените опасности дошло до оштетување на осигурениот предмет.

  • Склучување на договорот за јавна набавка 6.4.1 Договорниот орган ќе го достави Договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 6 (шест) примероци на потпишување. 6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише Договорот за јавна набавка и истиот да му го врати на Договорниот орган во рок од 5 (пет) работни дена од денот на добивање на Договорот. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од Договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на Договорниот орган. 6.4.3 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише Договорот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, Договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на Договорот и да ја објави негативната референца.

  • ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ 1. Осигурувачот има обврска врз основа на договореното осигурување да му исплати на корисникот: (a) во случај на доживување по истекот на договореното траење на осигурувањето, осигурената сума;