Common use of Склучување на договорот Clause in Contracts

Склучување на договорот. 6.3.1 Договорниот орган, по спроведената евалуација на понудите, спогодбата му ја доделува на економскиот оператор чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна. 6.3.2 Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена (процент на маржа), за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата. 6.3.3 Договорните страни го склучуваат договорот за јавна набавка во писмена форма во рамки на рокот на важност на најповолната понуда, но не подоцна од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор. 6.3.4 Договорот за јавна набавка или рамковната спогодба се склучува согласно со условите утврдени во тендерската документација и понудата.

Appears in 3 contracts

Sources: Tender Documentation, Tender Documentation, Tender Documentation