Склучување на договорот Примери за клаузули

Склучување на договорот. 6.3.1 Договорните страни го склучуваат договорот за јавна набавка во писмена форма во рамки на рокот на важност на најповолната понуда, но не подоцна од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор. 6.3.2 Договорот за јавна набавка или рамковната спогодба се склучува согласно со условите утврдени во тендерската документација и понудата.
Склучување на договорот. 6.3.1 Договорните страни го склучуваат договорот за јавна набавка во писмена форма во рамки на рокот на важност на најповолната понуда, но не подоцна од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор. 6.3.2 Договорот за јавна набавка се склучува согласно со условите утврдени во тендерската документација и понудата. 6.3.3 Договорниот орган ќе го достави договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 6 (шест) примероци на потпишување, откако истиот ќе го потпише овластеното лице на договорниот орган. 6.3.4 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише договорот за јавна набавка и да му го врати на договорниот орган во рок од 5 (пет) работни дена од денот на добивање. 6.3.5 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише договорот во рокот утврден во точка 6.3.4 од тендерската документација, договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на договорот и ќе објави негативна референца.
Склучување на договорот. 1. Договорот за осигурување се смета за склучен кога страните ќе ја потпишат осигурителната полиса. 2. Осигурителната полиса ја издава осигурителот и ја потпишуваат договорните страни (осигурителот и договарачот на осигурувањето/осигуреникот). 3. Осигурителот ја потпишува полисата за осигурување при нејзиното издавање, а потписот на понудувачот во својство на договарач на осигурувањето и потписот на осигуреникот во писмената понуда се сметаат како потписи на полисата. 4. Осигурителот е обврзан во рок од 8 дена по приемот на писмената понуда во оригинал, или најдоцна во рок од 30 дена доколку е потребен лекарски преглед, да го извести договарачот/осигуреникот дали ќе ја прифати или одбие доставената понуда. Ако осигурителот не ја одбие понудата во тој рок, а која не отстапува од неговите Услови за предлог-осигурувањето, ќе се смета дека ја прифатил понудата и дека Договорот е склучен. Во тој случај ќе се смета дека Договорот е склучен кога осигурителот ќе ја добие понудата. Осигуреникот или договарачот по добивање на полисата за животно осигурување и условите кои важат за неа, може во рок од 30 дена да поднесе барање за поништување на полисата со конкретно образложение, по што осигурителот ќе изврши поврат на средствата на клиентот кои ги уплатил за нејзино активирање. 5. Отстапувањето од горенаведените рокови за прифаќање, односно одбивање на понудата може да се примени во случај на настанување на непредвидливи околности како што се пожар, поплава, земјотрес, и други природни сили, како и војна и воени операции, атомска катастрофа, акти или дејства на државни органи и сите други дејства кои не можат да се контролираат. 6. Понудувачот има право, во рамките на роковите од точка 4 од овој член, да отстапи од понудата, односно од склучувањето на Договорот, ако осигурителот во меѓувреме не изјави дека ја прифаќа понудата, односно осигурителот му доставил изменета понуда која понудувачот ја одбил. Во тој случај понудувачот има право на враќање на премијата од осигурувањето намалена за трошоците за административна обработка и трошокот за лекарски преглед, доколу се извршил. Доколку понудувачот ја прифати изменетата понуда, потребна е и писмена согласност од осигуреникот за прифаќање на изменетата понуда. 7. Договарачот има право да се обрати до Агенцијата за супервизија на осигурување, како надлежен орган за супервизија на друштвото за осигурување, до кое може да се достави жалба во однос на друштвата за осигурување и осигурителните брокерски друштва, друштвата з...
Склучување на договорот. Договорните страни го склучуваат договорот за јавна набавка во писмена форма во рамки на рокот на важност на најповолната понуда, но не подоцна од 30 (триесет) дена од денот на конечноста на одлуката за избор. Договорот за јавна набавка се склучува согласно со условите утврдени во тендерската документација и понудата. 9.3.3Договорниот орган ќе го достави договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 7 (седум ) примероци на потпишување, откако истиот ќе го потпише овластеното лице на договорниот орган. 9.3.4Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише договорот за јавна набавка и да му го врати на договорниот орган во рок од 5 (пет) работни дена од денот на добивање.
Склучување на договорот. 1. Договор за осигурување се смета за склучен кога осигуреникот ќе ја потпише писмената понудата и кога и ќе биде извршен трансфер на премијата на сметка на Осигурувачот од страна на ▇▇▇▇▇▇▇. 2. Осигурителната полиса ја издава и ја потпишува осигурувачот. 3. Осигурувачот ја потпишува Полисата за осигурување при нејзиното издавање, а потписот на понудувачот во својство на Осигуреник во писмената понуда се сметаат како потписи на Полисата. 4. Осигурувачот е обврзан да ги прифати во осигурување сите понуди кои ги доставува Банката, а кои се зсновани на позитивна изјава од потенцијалниот осигуреник. 5. Осигурувачот е обврзан во рок од 5 работни дена по внесот на податоците од предпонудата преку апликацијата во електронска форма, кои се засновани на негативната изјава од потенцијалниот осигуреник, или најдоцна во рок од 30 дена доколку е потребен лекарски преглед, да ја извести Банката дали ќе ја прифати или одбие доставената предпонуда. Ако осигурувачот не ја одбие понудата во тој рок, ќе се смета дека не ја прифатил понудата и дека договорот не е склучен. 6. Потенцијалниот осигуреник има право да се обрати до Агенцијата за супервизија на осигурување, како надлежен орган за супервизија на друштвото за осигурување до кое може да се достави жалба во однос на друштвата за осигурување и осигурителните брокерски друштва, друштвата за застапување во осигурувањето и застапниците во осигурувањето.
Склучување на договорот. 6.3.1 Договорниот орган, по спроведената евалуација на понудите, спогодбата му ја доделува на економскиот оператор чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна. 6.3.2 Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена (процент на маржа), за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата. 6.3.3 Договорните страни го склучуваат договорот за јавна набавка во писмена форма во рамки на рокот на важност на најповолната понуда, но не подоцна од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор. 6.3.4 Договорот за јавна набавка или рамковната спогодба се склучува согласно со условите утврдени во тендерската документација и понудата.
Склучување на договорот. Договорот за осигурување се склучува врз основа на понуда (пријава) за осигурување на осигуреникот или договорувачот на осигурувањето и понуда на осигурувачот. Понудата — пријава за осигурување може да се поднесе само писмено. Понудата за осигурување која што ќе ја поднесе лице кое сака да склучи осигурување на стоката мора да ги содржи следните податоци: видот и количеството на стоката, ознака, тежина, видот на превозното средство, ризикот од кој се бара осигурување, ознака на превозното средство, релација на превозот како и вредноста на стоката. По исклучок на одредбите од претходниот став, договорот за осигурување може да се заклучи и кога осигуреникот во понудата не ги наведува податоците со кои во моментот не располага или нема точни податоци, со тоа да дополнително го извести осигурувачот за податоците со кои не располага или нема точни податоци во рок кој во договорот за осигурување ќе се утврди. Доколку осигуреникот не го извести осигурувачот во смисла на одредбите од претходните ставови на овој член, ќе се смета дека договор за осигурување на е заклучен. Понудата за осигурување поднесена од осигурувачот мора да го содржи следните податоци: предмет на осигурување- видот на стоката,вид на превозно средство,релација на превозот, ризикот опфатен со осигурувањето, траењето на осигурувањето и периодот на осигурувањето, сумата на осигурување, висината на премијата.

Related to Склучување на договорот

  • РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна има право да го раскине овој Договор со доставување на писмено известување во рок од 7 (седум) дена пред раскинувањето на договорот.

  • Склучување на договорот за јавна набавка 6.4.1 Договорниот орган ќе го достави Договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 6 (шест) примероци на потпишување. 6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише Договорот за јавна набавка и истиот да му го врати на Договорниот орган во рок од 5 (пет) работни дена од денот на добивање на Договорот. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од Договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на Договорниот орган. 6.4.3 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише Договорот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, Договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на Договорот и да ја објави негативната референца.

  • ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ Предмет на овој Договор е регулирање на односите меѓу Фондот и Здравствената установа за обезбедување и извршување на основни здравствени услуги на осигурените лица во примарната здравствена заштита, начинот на плаќање на услугите, правата и обврските на договорните страни како и други прашања кои се однесуваат за уредување на меѓусебните односи помеѓу договорните страни.

  • ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ Вкупната вредност на овој договор изнесува: - Вкупно без ДДВ ,00 денари - ДДВ 18% ,00 денари Вкупно со ДДВ ,00 денари Со зборови денари, со вклучен ДДВ.

  • СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ИЛИ РАМКОВНА СПОГОДБА IV.1)Услови под кои е склучен договорот или рамковната спогодба